Со овие нови регистрирани вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 е излекуван и 2 пациенти се починати.
Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 12 нови случаи на заразени од коронавирус, а од нив седум се во Скопје и пет се во Куманово, информира Министерството за здравство.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40) – од кои 1 починат, Куманово (8) – од кои 1 починат, Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2) и Гостивар (1).