ТРЕТА ЖРТВА НА КОВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈА.

Во Македонија почина уште една пациентка од КОВИД-19…

  • Шеесет и шестгодишна жена од Дебар е третата жртва на коронавирусот во земјата. Станува збор за првата пациентка од овој град, чија состојба подолго време беше влошена.
  • Во Македонија во последните 24 часа има 29 новозаразени, со што вкупната бројка порасна на 177, од кои повеќе од 100 се во Скопје.
  • Први случаи на коронавирус се регистрирани во Прилеп и Велес.
  • Меѓу новозаразените се и пет лица кои имале контакт со бившата директорка на Клиниката за кожни болести во Скопје, по чиј позитивен тест над 200 луѓе беа ставени во изолација.
  • Покрај сите досега воведени рестриктивни мерки, Владата денеска одлучи дека во викенди ќе има целосна забрана за движење од 16 до пет часот.
  • На светско ниво има повеќе од 450.000 заразени и над 20.000 починати.