КОМБИНИРАНА ТЕРАПИЈА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС ОД ДЕНЕС ВО УПОТРЕБА.

Министерот за здравство информираше дека на сите заразени со Ковид 19 во Македонија најпрво ќе им бидат направени кардиолошки испитувања односно ЕКГ по што лекарите ќе утврдат дали ќе можат да го примаат лекот за да немаат контраиндикации.

filipce

-Апелирам и молам сите граѓани ова да не го прават. Дури и сите дијагностицирани пациенти со тешка и средна клиничка слика не се погодни за оваа терапија. Ова е оф лејбл терапија, но се дава зашто дава добри резултати, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Комбинираната терапија ќе се дава само во болнички услови, а Министерството за здравство веќе прави план како таа да биде достапна и за лицата кои се на домашно лекување, а ги исполнуваат условите за што ќе биде организиран посебен транспорт до соодветната здравствена установа.