Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска продолжија со реализација на интензивните и вонредни превентивни активности за дезинфекција на јавните површини на подрачјето на Општина Охрид.
Активностите се спроведуваат во согласност со оперативниот план и препораките за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19.
Дел од екипите на претпријатието денеска беа ангажирани и за расчистување на остатокот од песок кој како резултат на зимското одржување, беше задржан на коловозот на улицата „15-ти Корпус“.