Денес 27 март – 18 нови случаи на Ковид 19

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје (134)
  • Дебар (43)
  • Куманово (17)
  • Штип (8)
  • Прилеп (6)
  • Охрид (3)
  • Велес (3)
  • Кавадарци (2)
  • Тетово (2)
  • Гостивар (1)

Фб : Венко Филипче