– Бидејќи Одделението за инфективни болести во Охрид ги покрива градовите Охрид, Струга, Дебар и Кичево, препорачуваме владата итно да интервенира ангажирајќи инфектолози од други градови и Клиниката за инфективни болести од Скопје.
Исто така препорачуваме да се обезбеди лабораторија каде што ќе бидат обработени брисевите земени од пациенти, како и прилагодување на други оддели за лекување на најголем можен број на пациенти со КОВИД 19.