Славица Малеска, директорка на Охридската болница за А1.Он вели дека не гледа никаква вина кај себе за смртта на 66.годишната стружанка која, и покрај препораката од матичен, не била на примена на лекување во инфективното одделение.
Малеска вели дека за нејзиното разрешување што за утре го најави министерот Венко Филипче вели дека дознала од медиуми.
„Сметам дека во овие услови министерот има право на секакво постапување. Оправданоста за разрешпувањето, од мој аспект, можам да кажам дека е без вина“ – вели Малеска за А1.Он.
Таа вели дека се подготвува извештај:
„Изјавата од раководителот на Инфективното одделение исто така е во Министерството за здравство. Нека се произнесе министерот, би сакала тоа да излезе од негова уста. Јас не гледам вина кај мене. Не ми е доставено известување од началникот на инфективното одделение за тоа дека пациентка била одбиена да биде примена. За случајот првпат слушнав откако излезе во порталите“, вели Малеска.
превземено од www.a1on.mk