Докторот специјалист уролог и хирург Горан Балевски е именуван за нов директор на Општата болница во Охрид. Информацијата на пресконференција попладнево ја објави министерот за здравство Венко Филипче
Балевски на чело на охридската болница доаѓа на местото на Славица Малевска Стојадиновиќ, која беше разрешена поради случајот со починатата пациентка од коронавирус од Татеши, струшко, поврзан со Инфективното одделение во охридската болница.
Министерот Филипче упати благодарност до неа за досегашниот нејзин придонес во раководењето на болницата.