Отворено писмо на Инфективното одделение Охрид за случајот со починатата пациентка од струшко: Повод случајот со починатиот пациент од село Татеши – Струга, и изнесениот став од страна на директорката на ЈЗУ Општа болница Охрид
Во врска со починатиот пациент од село Татеши – Струга, како и наводите во медиумите дадени од страна на директорката на ЈЗУ Општа болница Охрид, Инфективното одделение Охрид, се произнесува за следното:
За пациентот прв пат се добија информации од страна на Епидемиологот кој преку телефонски контакт со матичен лекар од Струга, добил инфомација дека пациентот кој бил во самоизлоација повремено кашлала и има температура, па затоа и бил закажан брис на грло преку мој термин за 26.03.2020 година во Болницата во Струга. Од страна на Министерството за здравство имаме добиено алгоритми за работа со пациенти, кои што нашето одделение ги почитува во целост. Бидејќи се работело за пациент кој бил во контакт со потврден случај од Дебар за Covid – 19 и во овој сличај постапено е во целост согласно алгоритамот за постапување со ваков вид на пациенти и е побарано да биде извршено тестирање од чиишто резултати ќе зависи понатамошнотото постапување.
До нас, до денешен ден не е доставен за пациентот упат, ниту во електронска ниту пак во хартиена форма, која информација може да се провери на ситемот од Мој термин (дали до наша страна е креиран упат) додека на истиот ден од Болницата во Струга од интерно одделение со брза помош ни се пратени две пациентки со уредно креиран упат со пропратна документација кој понатака, согласно алгоритмот на Министерството за здравство, беа препратени до Клиника за инфективни болести Скопје. Да појаснеме дека согласно алгоритмите на Министерството за здравство Инфективното одделение во Охрид не исполнува услови да се третираат тешки пациенти, односно пациенти со компликации, ова од причина што не поседуваме нити медицински помагала и апарати, нити пак соодветен персонал. Истите треба да се препратат до Клиниката во Скопје.
Имајки предвид дека пациентката била во Болницата во Струга на 26.03.2020 година, за да и биде земен брис од Регионалниот центар за брисеви – Струга поминала низ дел од Здравствениот дом во Струга, а контактирала и со медицинскиот персонал, па може да се заклучи дека истата била во стабилна состојба, дошла во придружба на нејзиниот сопруг и заедно се вратиле, ова од причина што доколку пациентката била во критична состојба или самата ќе побарала помош или пак од страна на медицинскиот персонал во Струга немала да биде пуштена, односно би била задржана во болничките простории или пак упатена до инфективното одделение.
Во моментот кога пациентот дојде до нашиот оддел во придружба со други лица беше исто така во добра општа состојба и самата одеше. Истакнуваме дека истата беше донесена со приватно возило, а не со возило на Брза помош, нити пак со придружба на возило од МВР имајки во предвид дека била особа во самоизолација, изложувајки и други лица на ризик да бидат заболени со Covid 19 вирусот. Бидејќи истата не поседуваше упат, ни во хартиена форрма, ни во електронска форма, согласно алгоритамот за постапување со пациенти од ваков тип, на истата и беше укажано дека ќе мора да ги причека резултатите од тестот па потоа да биде постапено согласно резултатите.
На ден 26.03.2020 година, предпладне е земен брис од пациентката, а во попладневните часови на истата и се влошила состојбата, и од страна на нејзиниот матичен лекар била известена дека требало да дојде на нашиот оддел, меѓутоа нема креирано ниту електронски ниту пак рачен упат. На 27.03.2020 година пациентката воопшто не се јави во нашето одделение.
Воедно укажуваме дека во тој момент на одделените веќе имаше лежечки пациенти со друга етиологија кој што не беа отстранети, а воедно при нашето одделение нема услови за третирање пациенти коитшо имаат потешка клиничка слика од Covid – 19, односно одделението има само еден влез, и за персонал и за пациенти, па се поставува прашањето кој ќе беше ризикот по останатите пациенти кои не боледуваат од Covid 19 и кој ќе беше ризикот по вработените, а како најважно чија ќе беше одговорноста доколку вирусот се проширеше по останатите болни и персоналот, имајки предвид дека во таков случај Инфективното одделение во Охрид ќе ги имаше прекршено препораките и алгоритмите на Министерството за здравство и кои ќе беа последиците и колкав кластер на новозаболени ќе имавме на оваа територија.
Од наша страна за состојбата на одделението неколку кратно е реагирано до Управата на Општа Болница Охрид, како и до самото ресорно Министерство во однос на недостигот на кадар и опрема, меѓутоа до денешен ден од страна на надлежните органи не се дадени никакви напаствија за постапување со пациентите ниту пак е испратен дополнителен кадар или опрема за справување со ваквата состојба.
Воедно известуваме дека инфективното одделение во Охрид, редовно постапува со сите пациенти кај кои постои сомнение или пак е е утврдена зараза со Covid 19, како и со сите останаи пациенти. Во изминативе денови пристигнаа неколку пациенти од Струга и околината со брза помош, како и еден пациент со приватно возило, а имајки ја предвид нивната здравствена состојба во моментот, сите беа прегледани а потешките препратени во Клиниката во Скопје.
За крај во целост ги демантираме наводите на поранешната директорка на ЈЗУ Охрид дадени во медиумите на ден 30.03.2020 година во врска со тоа дека е утврдено прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент кој побарал здравствена заштита, а се однесува на здравствен работник во Инфективното одделение кој бил на работа во времето кога пациентката е донесена на преглед, како и тоа дека за пациентката од страна на матичниот лекар бил издаден упат на 25-ти март, ова од причина што до доставувањето на ова известување до медиумите од наша страна, инспекциски надзор во нашето одделение се уште не е извршен, а овие наводи е невозможно да се потврдат или отфрлат без да се утврди дали во нашиот систем постои упат или не и дали тој упат се однесувал на земање на брис или пак за лекување на инфективното одделение, како и ред други работи.
По однос на наредбата од страна на директорот ја известуваме јавноста дека истата се почитува во целост од моментот на нејзиниот прием од наша страна. По однос на немањето на минимални технички услови и соодветни простории до директорката е реагирано во неколку наврати, меѓутоа повратен одговор немаме добиено, за што навремено се известени и Министерството за здравство и Министерот.
Со почит Инфективно одделение Охрид