Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ вечерва преземаат интензивни активност за расчистување на снегот од коловозите, тротоарите, пешачките патеки и останатите јавни површини во градот.
За поголема ефикасност на теренските активности, ставени се во употреба и новите Моторни чистачи за снег со дувалка, кои неодамна ги набави Општина Охрид.
Беа набавени 10 вакви моторни чистачи со вкупна вредност од 755.200 денари.