Претседател на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Регион Охрид, но и портпарол на СВР Охрид Стефан Димоски, објави дека Елица Нацева од охридското село Подмолје, се вклучува во иницијативата на ИПА Регион Охрид, за набавка и дистрибуција на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција, наменета за полициските службеници.
Тој вели дека нејзиниот хуман гест е исклучително значаен, бидејќи Елица, од својата скромна пензија, одлучи да издвои парични средства и преку ИПА Регион Охрид, на полициските службеници да им подари 100 високо квалитетни и повеќенаменски заштитни маски, како и 200 заштитни ракавици, вели Димоски.
Елица Нацева истакнува дека во знак на солидарност, донирам мала помош но од срце и со голема почит и поддршка кон полицајците кои, покрај лекарите и војниците, и по цена на нивното здравје, дење и ноќе се ангажирани да придонесат за поголема заштита на нас граѓаните од коронавирусот, вели таа.
-Во овие тешки денови на пандемија, кога смртоносниот вирус коси низ Северна Македонија и светот, овој голем хуман и солидарен гест на Елица Нацева е вреден за почит. Донацијата ќе придонесе за подобро опремување на полициските службеници со неопходните заштитни маски и заштитни ракавици и ќе го зголем степенот на безбедност во нивната работа но и за зачувување на нивното здравје, додава Димоски