Пензионерите седми ден чекаат редови да си ги земат пензиите во Охридска Банка

„Охридска Банка“ ги затвори сите филијали освен една во центарот, со денови не успева да ги достави обновените картички за да се подигаат пари на банкомат па веќе седум дена трае голготата на нејзините најверни коминтенти, охридските пензионери пред банката.

Стотици пензионери секое утро последниве седум дена чекаат во ред пред филијалата на „Охридска Банка“ во центарот на Охрид за да подигнат пари на шалетр бидејќи не им се доставени обновените картички преку пошта. Новите картички пензионерите неможат да ги подигнат од банката која ги известила дека ќе им ги достави преку пошта, но тоа до денес не е случено. Истовремено сите останати филијали на „Охридска Банка“ во Охрид заради пандемијата не работат па пензионерите со денови стојат на тротоарот пред зградата во центарот на Охрид мачејќи се и надевајќи се дека ќе успеат да дочекаат да си ја подигнат пензијата за да преживуваат во ова време на пандемија и за нив смртоносна болест.

Денес ситуацијата пред Охридска Банка беше нај тажна бидејќи овие стари лица полека ги фаќа паника да не останат без пари за храна и лекови воочи засилените мерки кои државата ги воведува веќе од утре, а како беше пред „Охридска Банка“ погледнете на видеото подолу:

КОИ СЕ ЛУЃЕТО КОИ ЧЕКААТ ПОД РИЗИК ДА УМРАТ ПРЕД БАНКАТА  ?

Пред зградата на „Охридска Банка“ чекаат нејзините најверни коминтенти, сегашните пензионери кои се коминтенти на „Охридска Банка“ најверојатно од нејзиното формирање до денес. Тоа се луѓе кои работеле во некогашните охридски гиганти како „Отекс“, ЕМО, „Охрид Турист“, „Застава“, „Лихнида“, „Братство“, потоа луѓе кои во деведесеттите години имале сопствени мали бизниси како дуќани и продавнички низ градот, земјоделци, келнери , продавачи, медицински персонал … Едноставно речиси целиот работоспособен Охрид во минатите 30 години примал плата во „Охридска Банка“. Овие луѓе кои веќе седум дена се мачат да ја подигнат пензијата на шалтер се тие кои со децении на „Охридска Банка“ ја полнеле со пари преку провизии кои се исплаќаат за нејзини услуги, со децении се нејзини коминтенти кои дочекаа после толку години лојалност да останат на тротоар бидејќи банката не успева да се организира и да им ги достави обновените картички, и ги затвори сите свои останати филијали па голготата на овие стари лица пред „Охридска Банка“ трае веќе седми ден.

ШТО ОСТАНА ОХРИДСКО ОД ОХРИДСКА БАНКА ?

„Охридска Банка“ беше еден од брендовите на Охрид. Токму и заради тоа најголем дел од денес живите луѓе во Охрид се коминтенти токму на оваа банка. Во Охрид најголем од од денешните пензионери цел живот се коминтенти на оваа банка, потоа најголем дел од фирмите користат услуги на банката, земаат кредити во оваа банка, таму им се трансакциските сметки или накратко „Охридска Банка“ е главна банка во градот Охрид и покрива најголем дел од населението. Сигурно директорите на банката ако направат споредба со другите градови ќе видат дека во ниту еден град банката нема толкав удел од населението како што има во Охрид.

И тука се поставува прашањето: Што остана охридско во „Охридска Банка“ ? По се изгледа ништо!

Затоа до банката ги испративме следните прашања:

„Зошто Охридска Банка не ги доставува обновените картички по пошта и веќе седми ден стотици пензионери чекаат редови на дожд и сонце пред главната филијала за да подигнат пари од пензиите ?“

„Доколку не е можно преку „Македонски Пошти“ зошто „Охридска Банка“ не ги достави картичките преку некоја од карго приватните пошти ?“

„Колку пари годишно „Охридска Банка“ наплаќа од пензионерот по основ на провизии кои му ги наплаќа бидејќи тој таму прима пензија ?“

„Дали во трката по профит менаџментот на „Охридска Банка“ пресметал што е поевтино за банката. Да плати карго услуга и да му ја достави картичката на пензионерот до неговиот дом или пензионерот да ризикува да се разболи од Корона и да почини па банката да го изгуби клиентот од кој наплаќа провизии ?“

„Кога последен пат „Охридска Банка“ донирала нешто во градот Охрид ?“

„Дали банката размислува да го тргне од името брендот „Охридска Банка?“

Авторот на текстот цело утро се обидуваше да стапи во контат со лице посочено како одговорно за комуниакција со медиуми од банката и по повеќе обиди кои траат од утрово, тој контакт конечно е направен. Но од како ги поставивме погоре наведените прашања, лицето за контант повторно не одговара на нашите повици. Доколку банката ги одговори овие прашања одговорите веднаш ќе бидат објавени во јавност.

Автор на текстот е Љупчо Таневски – сопственик на порталите Ohrid1.com , Skopje1.mk

Видео: Љупчо Таневски

Фото: ФБ страна „Пишувајте за Охрид“