Согласно препораките за превенција од Корона вирусот Ковид-19, Кризниот штаб на Општина Охрид денес спроведе активности за обележување на површините за препорачано растојание, пред дел од филијалите и експозитурите на банките во Охрид.
Упатуваме апел до граѓаните да бидат совесни и да ги почитуваат дадените препораки.