Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска извршија дезинфекција на дел од јавните објекти и јавните површини подрачјето на Општина Охрид.
Во денешната акција беа опфатени:
- Ходничните и скалишните простории на ТЦ „Амам“
- Приемните и шалтерски простории на ЈП „Пошта на Северна Македoнија“
- Просториите во објектите на СВР Охрид
- Приемните и шалтерски простории на дел од банките
- Клупите и дел од јавните површини во центарот на градот.
Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивнo и во текот на наредниот период.