Земјотрес со јачина од 3.3 степени утрово е регистриран во Албанија.
Епицентарот бил на 19 километри од градот Корча.
Земјотресот бил на длабочина од 2 километри.
Лани во ноември Албанија ја погодија серија земјотреси при што загинаа над 50 луѓе.
На Балканот денеска земјотрес од 3.2 степени имаше и во Романија.