Поради изведување на планирани градежни активности, Општина Охрид упатува известување до сите сопственици на моторни возила и учесници во сообраќајот, да ги отстранат паркираните моторни возила и да не паркираат на улица „15-ти Корпус“ во делот на ресторан „Панорама“.
Забраната за паркирање на овој потег ќе важи од утре 14.04.2020 година (вторник) до завршување на градежните активности.
Моторните возила кои нема да бидат навремено отстранети ќе бидат отстранети со асистенција на Пајак-службата.