Во пресрет на велигденските празници ЈП „Охридски Комуналец“ во координација локалната самоуправа и Дебарско-кичевската епархија, спроведе акција за дезинфекција на православните верски објекти на територијата на Општина Охрид.
Со антибактеристико дезинфекционо средство се третираа пристапите, дворните места и внатрешниот простор од црквите:
- „Св.Софија“,
- „Св.Богородица Перивлептос“,
- „Св. Богородица – Каменско“
- „Св.Пантелјемон и Св.Климент Охридски“(Плаошник),
- „Св. Јован Богослов-Канео“,
- „Св.Никола -Геракомија“,
- „Св.Никола“(Долна Влашка Маала) и
- „Св.Ѓорѓија“.