Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19 во земјава, информира Министерството за здравство.
По градови: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 339, Куманово – 262, Дебар – 49, Штип-31, Прилеп –89, Тетово – 43, Струга – 47, Велес – 36, Битола –9, Охрид –9, Кавадарци – 3, Гостивар –10, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 25, Пробиштип – 2, Кичево – 1, Неготино -2.
Од Министерството информираат дека за пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на Ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот.
Денеска се регистрирани и 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. Преку ИЈЗ –310 , преку Ветеринарен ф-тет – 24, Авицена –24 , Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118. Досега во земјата се направени вкупно 9762 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.
Во болницата „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хопситализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика.
Во битолската болница, до утрово се хоспитализрани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај 3 од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти.
Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.
Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.