-„Охридски бисер Филеви секогаш помагал така и во овие тешки моменти со пандемијата. Ова се пакети за најранливата категорија на граѓани на кои сите му сме потребни максимално да ги држиме во кондиција. После оваа пандемија да го издигнеме Охрид на повисоко ниво. Апелирам до сите хумани луѓе во своите можности да помогнам. Така и ние со сто пакети и ќе го кажам јавно нашето мото – богат е оној кој подарува, а не оној кој има“,вели Михајло Филев производител на охридски бисери.
Својата хуманост ја покажаа и вработените во ЈП „Охридски Комуналец“. И тие донираа пакети за сиромашните.
-„Сакаме во овој сензитивен период да покажеме хуманосте е особина и љубов кон човечкото битие. Да помогнеме да донираме да бидеме хумани. Сакам да подвлечам дека пакетите се донација на вработените од Охридски Комуналец“, вели Стевчо Маслов од ЈП „Охридски Комуналец“.
-„Сведоци сме на хуманост на голем дел институции и стопанственици.Охгромна благодарност до сите кои помагаат и паќам апел сие кои можат да се вклучат со помош. Охриѓани ја покажаа хуманоста, ја покажаа солидарноста во овие тешки времиња“ , вели Сашо Точков претседател на Црвениот крст Охрид.