И покрај кризната состојба предизвикана од пандемијата со вирусот COVID-19, Ј.П.„Охридски Комуналец„ со несмален интензитет секојдневно реализира голем број редовни и вонредни активности за подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило.
Денес се расчистуваше речното корито од река Грашница, на потегот од „Булевар Туристичка„ до вливот во Охридско Езеро, од расфралан тешко разградлив комунален отпад.
Од расфрлан ситен комунален отпад се расчистуваше и делот покрај коловозните ленти од магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље.
Од раните утрински часови се расчистуваше градското пристаниште од натрупаниот отпад исфрлен од езерските води како последица од синоќешното невреме проследено со силен ветар.
Детално се расчистуваа и хортикултурно се уредуваа улиците и пристапните патеки во стариот дел од градот.