Полицијата од СВР Охрид почувајќи од денеска во текот на претстојниот празничен викенд се до 21 април кога на сила ќе биде забраната и посебниот режим на движење на целото подрачје под своја ингеренција ќе врши интензивни контроли на сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, во викенд населбите, како и на верските храмови. Засилените мерки за контрола почнуваат попладнево од 16 часот и ќе траат до 5 часот наутро на 21 април. Најавено е дека дополнителни мерки за контрола ќе се преземаат и околу верските храмови, што е во согласност со одлуката на Владата за продолжување на забраната и посебниот режим на движење за време на претстојниот христијански празник Велигден.
Од полицијата се упатува апел до граѓаните строго да ги почитуваат одлуките на Владата за забрана за движење, како и совесно и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењe на коронавирус.