Укинат куќниот притвор за Зоран Милески Кичеец

Зоран Милески Кичеец е ослободен од домашен притвор и одлуката на жалаба на пресудата која ја има поднесено до повисокиот Суд ќе ја чека од слобода.

Позитивно мислење за пуштање на Милески дала и обвинителката Вилма Рускоска која во изјава за „А1он“ вели дека земени се во предвид семејните околности кои ги има Зоран Милески кој има големо семејство од сопруга и пет деца, неговиот татко починал додека тој бил во притвор, па сега тој како син единец морал да се грижи и за неговата повозрасна мајка.

Во судскиот процес за случајот „Рекет“ Милески ја призна вината, со што ја олесни и скрати постапката.

Зоран Милески Кичеец до сега не бил осудуван, ниту против него некогаш се водени постапки или истраги. Покрај тоа што е семеен човек, тој е и пасиониран спортист.