На 16.04.2020 во 13:05 часот во СВР Охрид, И.П.(29) од Охрид пријавил дека од страна на непознати лица со патничко возило „фолксваген голф“ бил грабнат неговиот брат Б.П.(33) од населба Рача – Охрид.
Притоа, тој добил порака да даде пари за да биде пуштен брат му.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вели дека после преземените мерки од полицијата киднапираниот е пронајден.
– После преземени мерки СВР Охрид го пронајде лицето кое беше пријавено за киднапирано и во моментов се работи на расветлување на случајот, вели Димоски во изјава за ОХРИД 24