Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конфенреција го најави доаѓањето на Игор Балевски, доктор на медицински науки од областа на интервентна кардиологија при Универзитетскиот Клинички Центар Марибор.
– Од денеска на Инфективната Клиника како поддршка на нашиот тим доброволно престојува еден наш кардиолог доктор Игор Балески, којшто долги години живее и работи во Универзитетската болница во Марибор со огромно искуство во третман на пациентите на интензивна нега. Изразувам голема благодарност до колегата и уверен сум дека неговиот придонес во оваа ситуација навистина ќе биде од големо значење и за пациентите и за членовите на медицинскиот тим на Инфективната Клиника, изјави на денешната прес конференија министерот за здравство Венко Филипче.
Др. Игор Балевски е шеф е на тимот за интервентна кардиологија во Марибор и доктор на медицински науки за Интервентна кардиологија во Словенија, едукатор за интервентна кардиологија на доктори специјализанти од Европска унија.