ОХРИД И СТРУГА НЕМА ДА ИЗДАВААТ ДОЗВОЛИ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ПОРАДИ ЗЛОУПОТРЕБИ.

Поради огромниот број барања општинските кризни штабови не смеат да издаваат дозволи за движење на лицата за време на забраната и посебниот режим.

Тие ќе може само да ги проследат барањата на граѓаните до надлежните органи како што се Министерството за внатрешни работи и Министерството за информатичко општество и администрација. Од струшкиот кризен штаб велат дека само за изминатиот викенд имале над 200 барања за движење во полициски час.

Најчестите изговори за барањата и многубројните повици  на граѓаните биле за туѓа нега и земјоделски потреби.

Централниот кризен штаб формиран за мерките против вирусот Ковид-19 им ги одзеде игеренциите на општинските кризни штабови тие повеќе нема да смеат да издаваат дозволи.

Инаку според податоците на полицијата за време на најдолгиот викенд карнтин во двата крајезерски града имало дваесетина прекршувања на забраната за движење.