Почитувани,
Апелираме до градоначалникот Константин Георгиески да покаже вистинска грижа каква што му доликува на секој градски татко и во најбрзо можно време да им наложи на јавните претпријатија да им ги намалат износите на сметките на: корисниците на социјална помош, корисниците на постојана парична помош, невработените лица и лицата кои имаат инвалидитет или тешка болест.
Сега е вистинско време да се покаже одговорно и совесно работење.
Советот на општина Охрид, на 38-та седница одржана на 31.1.2020 ја усвои Предлог-одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, а Јавниот повик за оваа мерка траеше до 19.2.2020 година.
Со надеж дека Комисијата за субвенционирање на трошоците за комунални услуги ги примила и ги обработила поднесените барања, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итно и неодложно намалување на овие средства во вкупен износ од 1.500.000 денари.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид