Компанијата „Виз Ер“ која спроведува евтини летови, ја продолжи суспензијата на услуги на повеќето пазари во поранешна Југославија поради пандемијата на коронавирус Ковид-19.
Превозникот, кој првично планираше да ги започне услугите од регионот на 1 мај, сега ги одложи повеќето летови до средината на мај или почетокот на јуни. Понатамошни промени остануваат можни известуваат од компанијата.
Авионите на Виз Ер повторно од Скопје и од Охрид ќе летаат од 17 мај на сите дестинации освен Малта.
Од 2 јуни ќе се лета и за Малта.
„Виз Ер“ искрено се извинува за нарушувањата што патната забрана може да им донесе на клиентите и уверува дека безбедноста и благосостојбата на нејзините патници и членови на екипажот останува врвен приоритет на авиокомпанијата“, се вели во соопштението на компанијата.