Денеска заврши неколкудневната акција за чистење на крајбрежјето на Охридското Езеро во потегот од кампот Љубаништа до границата со Република Албанија.
Во рамки на акцијата екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ отстранија и подигнаа големи количини на натрупан отпад од езерскиот брег, кои преку реката Черава биле исфрлени во водите на езерото.