Согласно Програмата за работа за 2020 год. Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведува активности за подигнување на степенот на јавна хигиена и зеленило во урбаните заедници и приградските населби. Во овој период од годината се реализираат пролетни активности на генерално чистење и одржување односно косење трева, отстранување на суви гранки и дрвја, метење на тротоарите и јавните површини од наноси од песок, подигнување на расфрлан ситен комунален отпад и отстранување на ниско-жбунеста вегетација.
Со овие активности ќе биде опфатено секое урбано катче и заедница, како и приградските населби, согласно утврдената динамика во оперативната програма.