Селекторот Обрван се реши за стартните 16-ет ракометари за мечот со Тунис
Никола Митревски и Ванчо Димовски се двајцата ракометари, кои нема да настапат н денешниот натпревар против селекцијата на Тунис.
Македонија ќе се појави во следниот состав: Ристовски, Ангелов, Манасков, Георгиевски, Недановски, З.Мојсоски, Стоилов, Н.Маркоски, Н.Мојсовски, Ф.Лазаров, Јоновски, В.Маркоски, Миркуловски, Прибак, К.Лазаров и Вугринец.
Според пропозициите во текот на првенството можат да се направат две измени.
Средбата против Тунис се игра во “Лусаил Арената“, со почеток во 15 часот, по катарско време. Средбата ќе ја судат Ларс Гејпел и Маркус Хелбиг од Германија.
Директен преднос на МТВ1 .