Екипите на ЈП „Нискоградба“ Охрид викендов извршија санирање на дефектот на канализационата линија на улица „Кеј Македонија“.
Покрај активностите за санација беше извршено и нивелирање на сите шахти на улицата и асфалтирање на оштетените делови од коловозот, на потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улицата „АСНОМ“.