⚠️✅➡️Поради лична желба, одговорност и солидарност во овие моменти, кога сите капацитети и ресурси се насочени кон побрзо надминување на кризата со Корона вирусот Ковид-19, сакам да ја информирам јавноста дека и покрај денешната одлука на Уставниот суд, за месеците април и мај ќе подигнам плата од 14.500 денари, а останатите средства до целиот износ на нето платата, ќе ги уплатам на сметка на Црвен Крст Охрид за обезбедување на прехранбени пакети за социјално-ранливите семејства од нашата општина.
❗Упатувам апел до сите носители на јавни функции да го следат овој пример. Само со лична одговорност можеме да дадеме придонес во оваа специфична ситуација.
Секој поединец може да придонесе. Да продолжиме посветено да ги почитуваме сите препораки, да бидеме совесни и одговорни, бидејќи од нас зависи.