Хуманитарна акција со поддршка на градоначалникот Константин Георгиески, пратеникот Рубин Земон и советникот во советот на општина Охрид Бесим Демиров и Црвен Крст Охрид.
Хуманитарната помош во вредност од 160 000 денари им беше доделена на 170 семејства на два пати во две хуманитарни акции. Во пакетите имаше основни производи. Беа доделени 30 вреќи брашно, 300 килограми месо, масло, прехрамбени продукти како и средства за хигиена.
Здружението упатува посебна благодарност до Субија Тајроски бизнисмен од Словенија кој донирал средства и секако ОО Црвен Крст и до претседателот Сашо Точков, кои и досега имаат поделено околу 800 хуманитарни пакети.
Од здружението најавуваат дека во текот на следниот месец ќе се спроведе уште една хуманитарна акција.