Од денес, ЈП „Билјанини Извори” го превзеде на времено користење, стопанисување и одржување градежното земјиште наменето за сидрење на пловни објекти, кое се наоѓа на м.в. „Студенчишта” КП бр. 6471/1 и КП бр. 5618/1 на КО Охрид 4 со вкупна површина од 14 426 м2.
Одлуката за давање на времено користење на недвижен имот на ЈП “Билјанини Извори”, број 08-815/22, ја донесе Советот на Општина Охрид на Седницата одржана на ден 31. 01. 2020 година.
Поради горенаведеното јавното претпријатие ги повикува сите досегашни корисници на споменатиот недвижен имот да се обратат до дирекцијата на ЈП„”Билјанини Извори” на следниот контакт телефон 078/355-291 за понатамошно регулирање на правниот статус на досегашните непосредни корисници-сопственици на пловни објекти.