Зоран Милески и Жељко Јоксимовиќ го презедоа кумството за Водици во Охрид

Денес беше извршено примопредавање на кумството за празникот Богојавление – Водици во црквата Св. Никола  – Геракомија

Зоран Милески и Жељко Јоксимовиќ го презедоа кумството од старите кумови, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и бизнисменот Сашо Симески.