Почитувани работници, почитувани охриѓани,
Ви го честитам меѓународниот ден на трудот, 1. Мај, со желби за успех во работата, напредување во кариерата, вреднување на Вашиот труд и остварување на Вашите права.
Сите ние заедно, сме должни да се бориме, да ги штитиме и унапредуваме правата, бидејќи работникот е нераскинлива алка во општествените и стопански текови. Секогаш бидете горди и посветени на она што го работите, бидејќи трудот и посветеноста се најголеми вредности и двигатели на иднината.