СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.Н.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Тој, на 27.04.2020 година во 21,50 часот на булеварот.,,АСНОМ“ во Охрид каде полициските службеници преземале мерки за време на полицискиот час, забележале и сопреле патнички автомобил „Фолксваген Пасат“ со охридски таблици, управуван од А.Н.(40) од Охрид.
Откако констатирал дека поседува дозвола за движење, издадена од Министерство за информатичко општество, полицискиот службеник му дозволил да си оди и му ја вратил дозволата. Во тој моментот, пријавениот му упатил закани, пцовки и други вербални навреди, излегол од возилото и физички го нападнал.