Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05,81/05, 24/07,159/08,83/09, 48/10, 51/11, 123/12 , 93/13, 42/14,44/15, 129/15 и 39/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид на ден 27.03.2020 год имаше закажан
ЈАВЕН УВИД И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН (2019 – 2025) ОПШТИНА ОХРИД
Имајќи ја во предвид ново настанатата ситуацја со Корона вирусот Ковид 19, а во согласност со мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење и забрана за масовни собирања, односно групирање на не повеќе од две лица, јавната расправа не се одржа.
Бидејќи мораме да ги почитуваме препораките на Владата, а со цел континуитет во постапката предлагаме сите заинтересирани страни своето мислење, забелешки, прашања и предлози по Нацрт извештајот да ги испратат на е-mail: opusproekt@opusproekt.com.mk, или по пошта на адреса: бул. Јане Сандански 113 Скопје, во период од 06.05.2020 до 20.05.2020год. Изготвувачот на Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина во рок од 7 дена ќе одговори на истите.