Центарот за јавно здравје Охрид информира дека нема веќе позитивни на COVID19

Од почетокот на епидемијата до денес, 09 мај 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа на  вкупно 132 лица од кои 15 во општина Охрид и Дебрца, 67 лица во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 15, од Струга се 37, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти

-НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, од општина Струга се починати 14, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4.

Истакнуваме дека во општините Охрид и Дебрца денес веќе НЕМА активни пациенти, односно лица позитивни на вирусот  COVID-19, поточно сите 15 лица позитивни на коронавирус од почетокот на епидемијата, се оздравени.

Почитувани сограѓани и покрај поволните епидемиолошки параметри во овој момент, особено во Охрид и Дебрца, простор за опуштеност нема. Епидемијата сеуште трае. Активноста на вирусот се намалува, но коронавирусот циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме  мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење на рацете, избегнување на било какви собири.

НЕКА ГРИЖАТА ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ ВИ БИДЕ НА ПРВО МЕСТО!

повеќе нa https://skopje1.mk/archives/90988