Прв пат светиот крстот не го фати Варошанец ,чесниот крст од езерските води го извади Цветан Мицкоски кој живее во Охрид населба Далјан но потекло е од село Белчишта .
Желбата да го фатам крстот ми се исполни после 20 години редовно скокајки по крстот , многу сум среќен денес што го фатив крстот . За многу годинини да е празникот изјави Мицкоски
Фаќањето на чесниот крст не е наместено, чесниот крст отиде во рацете на најсреќниот капач во осветените езерски води изјави Зоран Милески .
Денес традиционално се делеше топла ракија и вино , исто така имаше и музички настап од ансамблот Билјана , славата продолжува во Св.Софија каде фаќачот на крстот традиционално со неговото семејство и пријателите e пречекан од кумовите и градоначалникот .