ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со реакција која се однесува на видео-обраќањето на Георгиески за една година мандат.

Георгиески е синоним за неработа, дивоградби и назадување на Охрид. Само лаги и празни ветувања, непосветено и недомаќинско работење. Му честитаме за огромната фотосесија и лично претставување небаре снима предизборен спот, наместо да даде вистински и транспарантен отчет пред граѓаните, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со реакција која се однесува на видео-обраќањето на Георгиески за една година мандат.

Охриѓани видоа реализиран проект Бетонска база, на секој чекор дивоградби, никна нова депонија Мауцкер, огромен број кучиња скитници, нефункционални рампи, јавни претпријатија пред финансиски колапс, нови долгови, неисчистени улици, ниту еден дрворед…

Само личен и партиски бенефит, нов кабинет, нови службени возила, патни трошоци, дневници и репрезентации.

Archive

Граѓаните не слушнаа дали Георгиески уште ќе биде скриен и дали пред негови очи и понатаму ќе се градат дивоградби како досега?

Со СДСМ и Георгиески нема современи улици, нема безбеден сообраќај, но затоа има сообраќаен хаос.

Со СДСМ и Георгиески наместо образовен бум има образовен срам и деградирани наставници, нема нови фасади за училиштата, ги нема ветените четири нови спортски сали.

Охрид со СДСМ и Георгиески не доби современ градски Кеј и нов лик на плоштадот кај Чинарот.

Со СДСМ и Георгиески нема нов Здравствен Дом.

Со СДСМ и Георгиески има Општина по мерка на партиските интереси наместо на интерес за сите граѓани.

Нема подобри еколошки стандарди, нема современи стандарди за одлагање отпад, нема локација за депонирање на градежен шут и цврст отпад и нема хуман третман за бездомните животни.

Нема нови форми на туризам, но затоа има форми на уништување на туристичките места и загрозен статус на градот во УНЕСКО.

Со СДСМ и Георгиески нема нов театар, а Охрид доживеа културна деградација.

СДСМ и Георгиески не се грижат за децата, нема нови градинки, нема никаква реконструкција и изградба на детски и спортски игралишта.

Со СДСМ и Георгиески сѐ помалку можности и за младите и за старите лица.

Со СДСМ и Георгиески спортот е на маргините, нема затворен спортски базен, нема никакви спортски инфраструктурни проекти.

Охрид со СДСМ и Георгиески не доби катни гаражи.

Охриѓани се мудри и знаат да проценат дека за СДСМ и Георгиески зборот не е збор.

СДСМ и Георгиески сработија едно големо НИШТО!

Охрид и охриѓани не го заслужуваат ваквиот прав пат, охриѓани заслужуваат повеќе.

Охрид со СДСМ и Георгиески не оди напред и не е поубаво место за живеење.

Константин Георгиески треба да си замине од функцијата градоначалник на Охрид, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со реакција која се однесува на видео-обраќањето на Георгиески за една година мандат