Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, открива дека сè уште нe знае дали на крајот од оваа сезона ќе стави крај на кариерата.
Идеалното сценарио и желба на Пандев е да се пензионира со дресот на македонската репрезентација на Европското првенство кое е презакажано за наредната година, но за тоа да се случи, Македонија прво треба да го совлада Косово, а потоа во финалето од плејофот од Лигата на нациите да го победи и подобриот од дуелот Белорусија -Грузија.
Сепак, Пандев во разговор со итлаијанскиот новинар Џанлука ди Марцио, вели дека размислува да страви крај на кариерата по завршувањето на оваа сезона.
– Во моментов се уште планирам да ја завршам кариерата по оваа сезона. Посакувам збогување со фудбалот пред многу луѓе на стадион, да им се заблагодарам на сите во Џенова за петте прекрасни години тука. Дадов се од себе за овој дрес, сакам да кажам „збогум“ пред преполни трибини на „Луиџи Ферарис – вели Пандев.