Билјана од Охрид ГО РАСКАЖУВА СВОЕТО ИСКУСТВО ЗА ДРЖАВНИОТ КАРАНТИН:

Билјана Пулческа од Охрид го раскажува своето искуство за сместувањто во државниот карантин откако пристигнала во нашата земја . За тоа како изгледало да бидеш во карантин ви пренесуваме преку нејзиниот фејсбук статус:

Здраво на сите. Сакам да споделам искуство од државен карантин. Многу луѓе го раскажуваат хорористично. Всушност мене тоа ми беше една поука во животот. Прво со голема желба чекав да дојде секое наредно утро да ја гледам светлината ,изгрејсонцето ,зајдисонцето дури и ноќите кои беа прекрасни со многубројните светкави ѕвезди .Од тука произлегува копнеж и желба за живот и борба да кажеш “јас можам “.
Сите бевме еднакви без разлика кој колку има и што може кога не е таму.
Секое утро само се чекаше да излезе некој на балкон за да се започнат долгите разговори кои траеја со часови.
Таму стекнав нови познанства.Меѓусебно се помагавме без некој да има корист од некого.
Деновите ми минаа брзо и забавно дури ни не осетив кога дојде време да одам дома.
Повеќето што беа во карантин мислам дека свастија дека треба да се цени секое задоволство што бог ни го дава , исто така дека треба да се помагаме меѓусебно само така светот може да оди на подобро и постепено да ја отфрлиме злобата од нас. Сите сме гости на овај свет и сите ќе си одиме но злобата и зависта се тие што не прават болни а не вирусот. Сакајте се помагајте си само сега можете да се покажете кои сте всушност .
За крај сакам да се заблагодарам на сите кои се јавија да ме прашаат како сум дали ми треба нешто и на оние кои се погрижија за се што ми беше потребно. Можеби не беа сите но беа во доста голем број.Фала ви добри луѓе за секоја пружена помош . Среќна сум и благодарна на бог што ве имам .
Моето враќање дома беше пречек со топла прегратка од моето семејство.🙏
ОВА ИСКУСТВО Е ДОБРА ЛЕКЦИЈА ЗА СЕКОЈ ЧОВЕК.👌