Доколку има избори наредниот месец, тие ќе бидат спроведени според протокол кој произлегува од генералните препораки.
Одржувањата на сите активности треба да се одвиваа со физичка дистанца, задолжително носење на заштитна маска и често миење на рацете. Ако се организираат митинзи, луѓето мора да стојат на растојание два метри еден од друг.
Кампањата „врата на врата“ ќе се реализира со заштитна опрема, да не се влегува во домаќинствата.
Партиските активности да се одржуваат на отворено, а задржувањето во партиските простории не треба да биде повеќе од два часа.
На секое избирачко место мора да има дезинфекција на рацете, по гласањето повторно ги дезинфицираат рацете.
На избирачкото место ке се чека на дистанца од два метра
Доколку постои можност , а за што треба да се консултира ДИК се препорачува зголемување на времето за гласање за два часа, со цел да се избегнат поголеми гужви .
Партискиот превоз да биде намален на 50 посто, а сите внатре да носат заштитна опрема.
https://www.youtube.com/watch?v=sDxMNyIS6wA&feature=emb_title