Секторот за внатрешни работи Охрид потврдува дека утрово била ограбена пошта во центарот на Охрид, а моментално се работи на утврдување колку средства биле одземени од страна на разбојникот.
Можниот сторител на кривичното дело е фатен по неколку часа, а ќе се гони за разбојништво од страна на охридската полиција. Засега останува непознато дали во моментот на грабежот во поштата имало клиенти или биле само вработените.
Попладнево, пред филијалата е мирно и нема голема раздвиженост.