Нов обид на партиските лидери за договор околу датум за предвремените парламентарни избори. Кај претседателот Пендаровски во понеделник напладне ќе се обидат да постигнат консензус.
Власта пак повторно лицитира со датуми.СДСМ смета дека 21 Јуни е соодвететн термин. Желбата на Заев 14 Јуни падна во вода по новата вонредна остојба. Социјалдемократите велат дека изборните дејствија треба да продолжат каде што застанале.
Втората половина на Јули е тeрмин кој е во игра според изјавите на претседателот на ДИК Деркоски. Тој во смисијата “Што не е јасно” на Алфа истакна дека за завршување на сите изборни десјствија се потребни 45 до 50 дена. Со оглед на тоа што вонредната состојба која вчера ја прогласи Пендаровски завршува на 30 мај изборите би можеле да се одржат на 19 Јули. Деркоски смета дека треба да се изгоотви нов роковник и предупредува дека ако се инсистира на скусување на роковите од 22 дена по вонредната состојба можно е тој да не го потпише избирачкиот список. Очекува тоа да го сторат и неговите колеги. Првиот човек на ДИК смета и дека за спроведување на изборите ќе бидат потребни 100 000 луѓе.
“Државна изборна комисија мора да има 45 до 50 дена за оптимално да се извршат сите дејствија за целиот процес да биде крајно легитимен и да не се воведеме во ситуација било кој од мониторите што ќе го мониторираат овој процес на крајот да каже овие избори не ги спроведовтее како што треба, а тоа на никој не му треба да се случи”, вели Деркоски.
ВМРО-ДПМНЕ пак смета дека не треба да се лицитира со рокови и здравјтео на граѓаните да биде на прво место
“Со тоа што СДСМ упати ултиматум избори или во Јуни или редоивни во Декември порача дека не им е грижа за здрвјето на граѓаните туку им е грижа за помал изборен пораз.. Со ова им падна во вода тврдењето дека се за брзи изб ори сега бидејќо на есен ќе имало нов бран на корона бидејќи тие бараат избори во декември”, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
ДИК до претседателот Пендаровски достави мислење за тоа како би требало да се спроведе изборниот процес. Лидерите се согласија и дека здравствените власти треба да кажат кога во Македонија ќе бидат создадени услови за избори. ОБСЕ и ОДИХР треба да кажат дали ќе можат да испратат набљудувачи.