Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-5, Битола-1, Охрид-1. Досега во земјата се направени вкупно 21436 тестирања на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти: пациент од Велес на 58-години примен на 12 мај, пациент од Тетово на возраст од 57 години лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово на возраст од 78 години, хоспитализиран на 11 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1792, бројката на оздравени пациенти е 1293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398.