Александар Николовски во телевизија 24 вели дека тие сакале нормална кампања пред избори односно средби со граѓаните и презентација на кадрите и програмата, но не на фејсбук.
Ова е лажна грижа и злоупотреба на граѓаните за политички интерес. Еве да претпоставиме дека сакате нормална кампања. Зошто вашиот министер е единствениот министер кој направи прослава со над 50 луѓе во исто место, каде што освен не избрука, буквално го загрози здравјето. 4 од луѓето кои биле на прославата се позитивни. Како може да објасните Наќе Чулев да организира вакви прослави, а не сакате да одите на избори, го праша Шекеринска.
На ова Николовски во својот одговор не наведе ништо конкретно за прославата и за примерот кој го спомна Шекеринска, туку продолжи на сосема друга тема односно на хуманитарните акции кои се поддржани од семејството Заев.
Првиот човек на министерството за одбрана на ова рече дека Николовски нема никакви аргументи, па наместо да одговори на примерот кој таа конкретно го даде, тој бега од теми кои што не му одговараат.