Драги матуранти, еден период од вашиот живот завршува , а друг почнува.
Една врата се затвора, а се отвора друга. Се надевам дека со себе ќе ги понесете најубавите мигови од средношколските денови и ќе продолжите да го градите својот живот најдобро што знаете и умеете. Уживајте во секој нареден момент што следи .
Реката ја пробива карпата не поради својата моќ туку поради својата упорност. Само доколку бидете упорни ќе го реализирате она што сте го поставиле како животна цел . Не е битно дали ќе се одлучите да го продолжите своето образование или не. Битно е на патот кон кој сте тргнале да бидете упорни, истрајни и одговорни. Не е битно дали ќе бидете доктор, адвокат, архитект , занаетчија, земјоделец… битно е работата да ја правите со љубов и посветеност. Само така ќе бидете успешни и среќни, а нашето општество напредно и подобро за сите нас.
Уживајте во годините кои се пред Вас и никогаш не заборавајте ги своите соништа. Јас знам дека сте доволно храбри, чесни и добри луѓе и дека имате доволно сила да одговорите на секој нареден животен предизвик. Пред вас се отворени сите патишта, одберете го оној што најмногу ви се допаѓа и нема да погрешите. Не одете по патеките по кои друг минал, одете таму каде никој не поминал и направете свој препознатлив траг.
Посакувам секој ден да научите нешто ново, а оние кои ќе се одлучат да студираат да го осетат вистинското волшебство на студентските денови , крај себе да ја почувствувате правата љубов , а стекнатите диплома нека ви обезбеди најдобар живот и сигурност.
За да ви се исполнат соништата не треба само да планирате туку и да верувате… Иднината останува на оние кои веруваат во убавината на своите соништа. Затоа продолжете да верувате во себе како што ние веруваме во Вас затоа што иднината на оваа земја останува во Ваши раце.
Вие сте идни градители на овој Свет