Професорката и поранешена кандидатка за претседател на Македонија прашува дали ќе има полициски час викендов.
Во објавата на Фејсбук вели дека одлуката за воведување на полициски час за време на Рамазан Бајрам не смее да се базира на т.н. „верска еднаквост“.
Ако православните верници беа затворени за време на Велигден, тоа не значи дека и муслиманите, заради „ рамноправност“, треба да бидат во куќен притвор за Рамазан Бајрам. Дали треба или не да има полициски час, единствено зависи од фактичката ситуација и мерката треба да биде пропорционална на реалната закана, напиша Силјановска во објавата.